03 Мај 2024 - 06:04:04

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

12.06.2015 во 19:52:41

Почитувани,Ве молиме за конкретна информација кога ке се асфалтираат пристапните улици до новите згради на Адора на ул.Февруарски поход.Веќе подолго време водовод и канализација,евн и топлификација ги имаат комплетно завршено своите обврски и моментално ништо не се работи.Во топлите денови голтаме прашина,а кога ќе заврне дожд кал во изобилство.Кога ќе се изработи нов паркинг простор затоа што постоечкиот ниту приближно не ги задоволува потребите. Веруваме во Вашите можности и желбата да се помогне на граѓаните,за што однапред Ви благодариме.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови пешачки патеки

 
Одговор

15.06.2015 во 15:32:36

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека пристапните улици на овој потег се завршени, а доколку службите на другите претпријатија направиле прекопи, ќе бидат соодветно опоменати и истите ќе мораат да ги вратат улиците во првобитната состојба. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by