03 Мај 2024 - 13:36:10

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

13.06.2015 во 00:17:25

Почитувани, Сакам да поставам прашање што смеат да превземат станарите на зградите кои имаат проблеми поради гласна музика и живи свирки на отворено. Се работи за кафичот МАСКА на ул.Владимир Комаров 18 а , кој не остава без одмор, посебно во летниот период од мај до септември,како за време на викенд така и во работни денови, до касно во ноќ (1-2 часот по полноќ) а зимски период живите свирки се одржуваат внатре во кафичот, кој е во склоп на станбена зграда. Сметам дека се работи за самоволие и се работи кој како сака што секако не е во интерес на нашата општина. Ве замолувам да превземете нешто како би можеле пред се нормално да појдеме на работа и да ги извршуваме успешно работните обврски.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

15.06.2015 во 10:30:20

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by