03 Мај 2024 - 11:34:45

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

15.06.2015 во 15:22:44

Почитувани Живеам во близина на оснвното училиште Љубен Лапе на Ј.Сандански 54. Секојдневно поминувам на правец паркинг помеѓу касарната и школото, па потоа покрај главниот влез на поликлиниката Јане Сандански и понатаму додека не излезам на некоја од главните улици. На наведената траекторија на движење од паркингот покрај касарната па се до пешачка патека поставена спроти главниот влез на поликлиниката јане сандански (која звршува слепо во грмушки) едноставно нема пешачка патека!!! покрај немањето пешачки патеки исто така нема и соодветен пешачки премин! Пешаците и велосипедистите се приморани да претрчуваат или возат велосипед на улицата која е недоволно осветлена и непрегледна и недоволно широка. Морам да ви укажам дека наведениот правец од влезот на касарната па се до поликлиниката е со лоша и збунувачка сообраќајна сигнализација почнувајќи од раскрсницата кај влезот на полициската академија каде има само хоризонтална сигнализација (нема знаци) која е недоволна и непрегледна особено за возачи кои првпат поминуваат.А ако се земе во предвид дека има излез од околната зграда (кај кам маркет) излез од касарна, злез од паркингот кај школото Љубен лапе и излез од паркингот кај полициската академија и секојдневно има опасни ситуации. Ве молам за превземање на соодветни сообраќани решенија кои ќе допринесат за надминување на состојбата која секодневно се влошува поради зголемената фреквенција на оваа насока поради новите станари во зградите кај базенот кои едноставно немаат од каде да поминат во правец на ТЦ Бисер. Со почит Мики

Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови пешачки патеки

 
Одговор

15.06.2015 во 15:29:37

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за комунални работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by