02 Мај 2024 - 17:18:12

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.06.2015 во 13:02:54

Бидејќи веќе подолг период се обидувам да стапам во контакт со некој од вашата Општина од одделението за урбанизам односно урбанизам и подготовка на урбанистички планови и постојано имаат некој изговор дека или соодветната личност не е во моментот тука или е на одмор,боледување и сл. па се надевам сега дека некој ќе најде време да ми одговори на моето прашање. Во општина Аеродром постои едно место наречено Долно Лисиче кое очигледно подолг период е заборавено и за кое место со години нема изработено ДУП.Моето прашање ќе биде конкретно и разбирливо- ДАЛИ ЗА ДОЛНО ЛИСИЧЕ ВО ТЕКОТ НА ОВАА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ДОНЕСЕН ДУП? се надевам и дека вие ќе ми одговорите разбирливо и конкретно само Ве молам немојте вашиот одговор да биде „ДУП за Долно Лисиче е приоритет на општината“ бидејќи ваков одговор слушнав пред повеќе од Година дена.Бидејќи во овој дел од Општината има поголем број на луѓе кои што чекаат на донесување на овој ДУП за да можат да си го решат своето станбено прашање кое што сметам дека е мошне сериозен проблем,односно мене лично ме засега бидејќи сакам да извршам доградба за која неможам да добијам дозвола од причина поради која што нема ДУП за самото населено место. Се надевам дека ќе добијам ваш одговор.Однапред Ви благодарам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

16.06.2015 во 13:17:01

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека можете е да дојдете во просториите на Општина Аеродром, и тоа секој понеделник и вторник од 15 и 30 до 16 и 30 часот, како и секој четврток и петок од 08 и 30 до 09 и 30 часот, како би можеле да добиете соодветна информација. Воедно, Ве известуваме дека немаме точна информација до кога ќе биде изготвен деталниот урбанизтички план за Долно Лисиче. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by