03 Мај 2024 - 04:43:42

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.06.2015 во 14:05:22

Ве молам за информација кога планирате да го исчистите купот со шутот пред основното школо Александар Македонски се до булевар Србија, во реонски центар, и да го реализаирате урбанистичкиот план. Тука секојдневно се фрлаат одпадоци и постојано се зголемува шутот од кој со секој посилен ветар ѓубрето се разлетува низ цел реонски центар, и во школо и во градинка. Навистина секојдневно имаме голем проблем со тој шут и ѓибриште и ве замолувам за точна информација кога планирате тоа да го средите.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

17.06.2015 во 13:02:05

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека нашите служби постојано ги казнуваат несовесните граѓани кои го оставаат својот отпад на оваа локација, а нејзиното дислоцирање ќе се случи набрзо, односно веднаш по добивањето на градежната дозвола за оваа парцела. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by