30 Април 2024 - 09:42:27

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

17.06.2015 во 15:29:08

Почитувани, сакам да ви укажам дека на просторот помеѓу четирите кули на ул.Бојмија има огромна потреба да се изгради игралиште за малите дечиња со реквизити како што има на повеќе места низ општината. На овој простор кај изградената фонтана дневно си играат 50-тина деца помали од 6 години, на кои не им преостанува ништо друго освен да се ,,врткаат,, околу фонтаната (која патем е многу небезбедна и дечињата постојано паѓаат, сметам дека треба да се загради). Веднаш до неа поставени се голови и заштитна мрежа каде поголемите деца играат фудбал и потенцијално претставуваат опасност за помалите кои се во нивна близина, а заштитната мрежа, иако скоро беше поправана, повторно е целата искината и штрчи, па прашање на време е кога некое дете ќе се повреди од истата. Од овие причини сметам дека има простор да се направи игралиште за најмалите кое ќе биде безбедно за игра. Исто така сакам да ви укажам дека при поставувањето на опремата (клупите) воопшто не е земено во предвид дека дури 99 % од нив не се на сенка, па така преку ден воопшто не се користат. Бидејќи, за прв пат вака ви се обраќам, поттикнат од соседи кои ми кажаа дека на некои нивни барања веднаш сте одговарале, сакам да укажам на огромната потреба од детска градинка во овој дел, ако се има во предвид колкава е населбата. Најблиската градинка е клонот позади Тобако 2, а тоа е прилично далеку за носење мало дете, а освен тоа според инфармации што ги имам, тешко се доаѓа до место. Со надеж дека ќе ги земете во предвид овие мои добронамерни укажувања, ве поздравувам.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Детски и спортски игралишта (кошарка, ракомет, мал фудбал)

 
Одговор

18.06.2015 во 10:05:40

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека согласно нивните План и Програма одобрени за оваа година, ќе се обидат да најдат решение за проблемите кој ги посочувате во Вашето писмо. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by