03 Мај 2024 - 13:39:42

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

20.06.2015 во 10:00:49

Почитувани, Од Комунална хигиена (Стационар вардариште) добив информација дека не можат да излезат на терен за да отстранат кучиња скитници без помош од ваша страна, поточно од Сектор за комунални услуи на општина Аеродром. ВЕ МОЛАМ, во најкус можен рок да превземете нешто во врска со над 10 кучиња скитници кои буквално живеат на просторо помеѓу зградите 58 и 60 на булевар АСНОМ. Ниту едно од нив нема жолта ознака на увото (дека поминало преглед) и стануваат се по агресивни. Во овој дел од населбата има многу деца и сметам дека не треба да чекаме да се случи нешто пострашно за да реагираме. Одговор по SMS или меил не ми треба, наместо тоа очекувам да преземете нешто во врска со проблемов. Благодарам

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

22.06.2015 во 14:55:53

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by