28 Април 2024 - 16:37:05

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

22.06.2015 во 09:08:47

Почитувани Ви се обраќам како граѓанин на оваа општина со молбено барање да ми одговорите или објасните во чија надлежност и кога се планира да се превземат активности за асфалтирање,поплочување или друг начин на регулирање на површината меѓу зградите на ул.Февруарски поход 8 и Февруарски поход 10 каде живеам веќе една и пол година.Имено по завршување на работите на водовод и канализација и топлификација просторот меѓу двете згради од источна и северна страна остана недовршен,атмосферската канализација на средината на гаражата се слива во неа, а често водата понира во гаражите на двете нивоа, на земјиштето постојано се собираат вирчиња од вода,што предизвикува непријатна миризба во летниот период и се размножуваат многу инсекти што како надзорен одбор во зградата сме принудени самоиницијативно да организираме дезинфекција и дезинсекција на површината.Мислам дека пред нас до улицата Февруарски поход изникна идеален парк(благодарност до општината) така да ова од страните на зградите ја нагрдува убавата слика од напред и предизвикува проблеми како внесување на кал во зградата и проблемни со хигиената,а ви посочуваме дека како нова зграда повеќето се млади луѓе со мали дечиња кои се играат во калта.Конкретно зградата до нас на Новоградба во вистинско време доби и идеален паркинг, се асфалтираше и улицата дури и од задната страна и се направи тревна површина со нашата зграда.Мислам дека пред доаѓањето на есента би требало да се превземе иницијатива од надлежни служби да излезат во пресрет на ова мое и наше молбено барање како би се чувствувале сигурно, безбедно и со хигиенски нови навики во новата населба во нашиот живот.Ви благодарам на одвоеното време.Со почит Дончо.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.06.2015 во 12:51:28

Почитуван, Ве известуваме дека општината има изработено проект за уредеување на тој дел, но реализацијата најверојатно ќе биде штом ќе се предвидат средства во Буџетот на Општина Аеродром. Ви благодариме

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by