03 Мај 2024 - 15:32:56

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

23.06.2015 во 20:34:25

Почитувани, Веќе една еднаипол година како се вселени новите станбени објекти бр.8 , бр.10 и останатите на ул.Февруарски поход ,а вие како општина на која уредно и навремено си ги имаме подмирено сите давачки не сте превземале буквално ништо окулу уредувањето на пристапните патеки до и окулу самите објекти.Во лето се давиме во прашина,а во зима и кога ќе падне дожд ќе се удавиме во кал.Окулу објектите е израсната права џунгла,направени се мочуришта полни со жаби,секакви инсекти а можно е во овие топли денови да ни се појават и разни влечуги,глодари...Поради сето ова мораме да ги држиме децата затворени дома плашејќи се за нивната безбедност и здравје.Паркин просторот окулу објектите кој го изгради општината од окулу 60 паркинг места ни одблизу не ги задоволува потребите на окулу 240 станови или сигурно повеќе од 700-800 жители на само 4 станбени единици. Затоа Ве молам за одговор дали и кога општината планира да превземе нешто окулу овие проблеми на жителите на ул.Февруарски поход. Мислам дека заслужуваме барем конкретен одговор,бидејќи кога требаше да се платат давачките кон општината и градот Скопје никој нас не не праша дали имаме буџет за истите давачки навремено да ги платиме. Однапред Ви благодарам на вашиот одговор.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови пешачки патеки

 
Одговор

25.06.2015 во 15:16:50

Почитуван, Ве известуваме дека општината има изработено проект за уредување на тој дел, но реализацијата најверојатно ќе биде штом ќе се предвидат средства во Буџетот на Општина Аеродром. Во однос на паркинзите, Ве известуваме дека Општина Аеродром на гради паркинг за станарите на зградите туку паркинг местата се обезбедени во рамки на градежната парцела на објектот. Ви благодариме

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by