03 Мај 2024 - 11:34:48

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

29.06.2015 во 13:21:13

Почитувани, Се јавувам во својство на инвеститор на станбено - деловна зграда во населба Аеродром, на ул. Васко Карангелески бр.1 Пред извесно време во телефонски разговор со Ваш вработен во сектор за асвалтирање на улици при Општина Аеродром, добив информација дека на горенаведената улица, каде што е лоцирана нашата зграда, ќе отпочнат со подготовки за асвалтирање на улицата од страна на фирмата ТрансМет. Сакам да ме информирате дали во догледно време ќе отпочнат навистина тие подготовки и кога, заради тоа што таа информација што ја добив пред една недела, се покажа како не точна. Во истовреме, еве со овој официјален Допис до Вас, поднесувам барање за конечно асвалтирање на нашата улица, бидејќи на нашите станари им е скратено граѓанското право кое гарантира безусловно, и движење без пречки кон својот дом. Зградата е изградена и пуштена во употреба март 2014 год. и сеуште чекаме на доасвалтирање на улицата. Станарите имаат проблем секојдневно со движењето кон и од зградата, посебно во деновите кога има дожд. Уште еднаш ќе Ве замолам да превземте чекори во таа насока во најскоро време, заради тоа што сите станари, а и ние како правно лице си ги подмируваме сите трошоци, даноци и други финансиски давачки кон Општина Аеродром, кон град Скопје, на крај и кон државата. Со почит, Инвест Билдинг ДООЕЛ Скопје

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

30.06.2015 во 15:50:06

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека улицата ќе биде асфалтирана наскоро. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by