01 Мај 2024 - 17:15:21

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

01.07.2015 во 10:55:47

Повторно, по не знам кој пат, ви пишувам за линијата 33. Повторно е редуцирана. Најверојатно заради летниот возен ред. Мислам... ако не подобро нека ја нема. Што ќе им е на граѓаните на Долно Лисиче редовна и директна автобуска линија со општината? Луѓе од село! Не им треба ним автобус?! Така? Срамота е! Редно време е да се погрижите за тие луѓе и за таа автобуска линија да сообраќа како што треба, а не од 6 автобуси во текот на денот ја редуцирале на 4. Да не зборувам што во сабота и недела воопшто нема автобус. Вие како општина сте подеднакво одговорни за сите свои граѓани. Или... комуналии за Долно Лисиче може да се плаќаат 50 евра од квадрат, а основни услови за живот не може да им обезбедите?! Ај ве молам наведете ми зошто точно јас треба да ви платам вас 50 евра од квадрат!?

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

06.07.2015 во 09:38:31

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве замолуваат, за возниот ред на автобусите во Градот Скопје да комуницирате со ЈСП , бидејќи тие се надлежни за сите автобуси во Градот Скопје, а истото ќе го сторат и тие. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by