04 Мај 2024 - 13:48:36

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

11.07.2015 во 18:41:00

Барање 01.07.2015 во 10:55:47 Повторно, по не знам кој пат, ви пишувам за линијата 33. Повторно е редуцирана. Најверојатно заради летниот возен ред. Мислам... ако не подобро нека ја нема. Што ќе им е на граѓаните на Долно Лисиче редовна и директна автобуска линија со општината? Луѓе од село! Не им треба ним автобус?! Така? Срамота е! Редно време е да се погрижите за тие луѓе и за таа автобуска линија да сообраќа како што треба, а не од 6 автобуси во текот на денот ја редуцирале на 4. Да не зборувам што во сабота и недела воопшто нема автобус. Вие како општина сте подеднакво одговорни за сите свои граѓани. Или... комуналии за Долно Лисиче може да се плаќаат 50 евра од квадрат, а основни услови за живот не може да им обезбедите?! Ај ве молам наведете ми зошто точно јас треба да ви платам вас 50 евра од квадрат!? Статус: Одговорено Тип на барање: останато Одговор 06.07.2015 во 09:38:31 Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве замолуваат, за возниот ред на автобусите во Градот Скопје да комуницирате со ЈСП , бидејќи тие се надлежни за сите автобуси во Градот Скопје, а истото ќе го сторат и тие. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром. Ова погоре е нашата таканаречена комуникација. Навистина не сте требале толку да се трудите. Вака и јас знаев. Знаете кога ќе ми одговорат од ЈСП? Никогаш! А вие зошто служите, се прашувам?! И не ми одговоривте за комуналиите во Долно Лисиче. Наведете ми ги, ве молам, точно сите ставки заради кои плаќаме олку астрономски комуналии? Поздрав и следниот пат би сакала и по емаил да ми одговорите

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

14.07.2015 во 11:18:08

Почитувана, Ве известуваме дека за возниот ред на автобусите е одговорно и надлежно Јавното сообраќајно претптијатие Скопје. Општина Аеродром нема надлежности во таа област. Меѓутоа, вработениот службеник во Месната заедниза за Вашиот реон е известен и тој со допис ќе се обрати до ЈСП со цел да укаже дека нашите жители имаат проблем со автобуските конекции и да побара дополнителни и редовни линии. Што се однесува до комуналиите кои ги плаќаат жителите, Ве известуваме дека тие стредства се користат за изградба на пречистителна станица, препумпна станица (заедно со Град Скопје), канализација, водовод и електрификација. Ви благодариме

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by