06 Мај 2024 - 17:00:31

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

13.07.2015 во 11:27:58

Имам четворособен стан на приземје во нас. Аеродром. Истиот физички го преградив на два дела (зазидав две врати) и добив два функционални засебни помали станови со два засебни санитарни чвора и посебни влезови (за едниот е постојниот влез, а за другиот отворив независен нов влез). ПРАШАЊЕ: Каква е постапката и кои потребни активност и документи треба да поднесам, за да добијам одобрение ( и сл.) од општината, кои е потребни да се достават до Центарот за катастар на недвижности Скопје за промена во катастарот на недвижностите во мојот имотен лист (и двата новодобиени станови не го менуваат постојниот сопственик). Благодарам,

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

13.07.2015 во 16:01:45

Почитуван, за да се подели еден стан на два дела, пред да се опчне со градежни работи, потребно е да се направи физичка делба на просторот. Истата се спроведува согласно Закон за градење- постапка за адаптација или адаптација со пренамена (доколку зафатот е од поголем размер, со постапка за реконструкција). Во случај кога сопственикот на станот извршил адаптација со цел физички да го подели станот без одобрение од надлежен орган - истиот подложи на законски санкции. Со пошит Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by