04 Мај 2024 - 12:50:34

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.07.2015 во 14:10:48

На ул.Васко Карангелески, новите згради до Воен Базен воопшто нема пешачки патеки. Влезот на зградите веднаш излегува на прометна улица по која жителите се приморани да пешачат со своите деца,колички за деца и слично и тоа по средината на улицата, бидејќи половината е зафатена од паркирани возила. Пајак службата не реагира во отстранување на возилата. Сите жители од новоизградените згради поседуваат паркинг места платени од 2-5.000 евра, па се прашуваме дали воопшто бил потребен тој трошок, кога улицата која е изградена е претворена во бесплатен паркинг. Опасноста за секој жител е огромна во овој регион без тротоари. Жителите се вселени скоро две години и проблемот не се решава.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Нови пешачки патеки

 
Одговор

16.07.2015 во 15:16:58

Почитувани, Ве известуваме дека тој дел од општината сеуште се уридува и се прави целосна инфраструктура заедно со улици тротоари и патеки. Изведбата е во завршна фаза, така што наскоро локалитетот целосно ќе биде урбанизиран согласно Деталниот урбанистички план. Ви благодариме

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by