21.08.2015 во 15:19:36
Почитувани, Живеам на Бул.Видое Смилевски Бато бр.77/1-18. На тревникот позади мојата зграда (од страната на паркингот) сметам дека би требало да се посадат дрва, како што е тоа сторено на тревникот од спротивната страна на булеварот, кај Рамстор, Жито Велес и Рептил. Како општина која се грижи за состојбата со зелениот простор, мислам дека ќе излезете во пресрет на ова барање, со што би се намалило загадувањето, би се пригушила бучавата од возилата, а секако, би се подобрил изгледот и на овој дел од општината. Искрено се надевам дека ќе излезете во пресрет и ќе ни помогнете на нас, граѓаните кои живееме во овој дел на Општина Аеродром. Однапред Ви благодарам.
Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило