04 Мај 2024 - 12:57:28

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

15.09.2015 во 10:53:31

Ви се обраќаме, граѓаните со живелишта на улиците Ѓорѓи Капчев и Тодор Чангов, населба Аеродром со надеж дека ќе се реши нашиот проблем со кој со години се соочуваме. Веројатно сте запознаени дека единствениот приклучок на нашата населба со општината Аеродром а со тоа и со другите населби е преку раскрсницата на улиците Тодор Чангов која поминува покрај Ресторанот Рагуза со булеварот Февруарски поход. Нашиот проблем е непостоењето на соодветен собраќаен приклучок на оваа улица која е главна улица (на која транзитираат возила не само од населбата Лисиче туку и од селото Лисиче) и единствен начин преку Булеварот Февруарски поход да се стигне до Центар. Значи тука е единствениот влез и излез за нашата населба. Проблемот со кој се соочуваме е дека булеварот кој треба да биде влез и излез од нашата населба е обележен со две полни сообраќајни ленти со што се оневозможува возилата кои доаѓаат од населба Горно Лисиче како и од село Горно Лисиче да свртат кон насока на Центар, туку единствена опција која ја имаат е да продолжат да се движат по Булевар февуарски поход кон последна автобуска станица на автобус број 5, а потоа кон булевар АСНОМ (значи непотребно возилата мора да вртат цел круг да возат кон Центар). Уште полоша е ситуацијата е кога се вози по Булевар Фебруарски поход (од последна автобуска број 5) и треба да се сврти кон населба или село Горно Лисиче. Во таа ситуација е невозможно да се сврти кон Тодор Чангов без да се направи сообраќаен прекршок. Ваков вид на сообракаен прекршок е предвиден со Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата со предвидена глоба од 300 евра во денарска противвредност и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеца. Жителите на населбата Горно Лисиче и село Горно Лисиче се принудени да ги плаќаат овие глоби затоа што тие за нив се неминовни. Тие мораат да се вратат во своите домови па макар и секојденевно да праваат сообраќајни прекршоци. Друг начин да стасаат дома немаат!!! Само за потсетување дека во овие две населени места веќе со децении живеат преку илјада домаќинства кои секојдневно транзитираат во овој дел затоа што друг пат до нивните домови непостои. Исто така за потресување, дека пред само пред две години во непосредна близина (исто така на Февруарски поход) се изградија неколку згради за кои во најбрзо време беше изготвено собраќајно решение, за истите да можат непречено да се приклучуваат кон Булеварот Февруарски поход. Значи, безмислено е што за нашата огромна населба сеуште нема изготвено собракајно решение со кое ќе ни се овозможи нормално транзитирање кон и од населбата. Во интерес на граѓаните од овие две населени места и во интерес на безбедноста во сообракајот за сите учесници во сообракајот, Ве молиме да ги разгледате сите опции за решавање на овој нас децениски проблем и да ни овозможите приклучување кон Булеварот Февруарски поход и безбедно пристигнување во нашите домови. Поздрав,

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

15.09.2015 во 11:43:46

Почитувани, промената на режимот на сообраќајот на булеварите во Градот Скопје ги врши администрацијата на Град Скопје, Сектор сообраќај. Затоа најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив, a истото ќе го сториме и ние. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by