04 Мај 2024 - 09:50:08

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

23.09.2015 во 15:57:56

Дали електронските барања на граѓаните доставени преку овој ГСЦ (Граѓанскиот сервис центар) на општината, се сметаат за “доставени претставки“ согласно Статутот на Општината Аеродром? Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие во текот на денешниот ден ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

24.09.2015 во 14:33:46

Почитувани, Општина Аеродрон при постапување по претставките и предлозите постапува согласно Законот за постапување по претставки и поредлози(„Службен весник на РМ“ број 82/08, 56/09, 13/13 и 156/15). Истиот во член 2 дефинира што се подразбира под поимот претставка, односно предлог, во смисла на овој закон, и тоа се подразбира секое писмено или усно обраќање на подносителите до органите кои постапуваат по претставките, односно предлозите заради заштита и остварување на своите права и интереси, јавните интереси утврдени со закон или заради поведување на друга иницијатива од јавен интерес, освен оние писмени или усни обраќања (барање за поведување на постапка за остварување на права или правни интереси, иницијатива за вршење на инспекциски или друг вид на надзор) од чија содржина произлегува барање од подносителот за поведување на постапка која е регулирана со посебен закон. Согласно горенаведеното Ве известуваме дека барањата од Граѓанскиот центар не се евидентираат во оваа категорија според конкретниот Закон. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by