04 Мај 2024 - 15:37:27

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

23.09.2015 во 18:58:11

Почитувани, имам преку 10 пати пријавено во месната заедница во Горно Лисиче за поставување на улична светилка на ул. Хаџи Трајко бр.31 затоа што четири домаќинства плаќаме улично осветлување а истото го немаме никогаш до сега а нашата уличка е во тотален мрак. Јас лично го известив за овој проблем и градоначалникот Ивица Коневски на 16.09.2015 кога беше во посета во Горно Лисиче и бараше од нас граѓаните да му ги посочиме нашите проблеми. Откако ме сослуша задолжи еден од присутните службеници на Општина Аеродром да го реши овој проблем. По два дена ми се јави службено лице од Општина Аеродром од мобилен телефон со број 072257482 и мирече дека наредниот ден ќе дојдат со екипа да постават сијалица но истото не го сторија. Потоа јас уште неколку пати до денес го побарав на истиот телефонски број и го добивав истиот одговор а на терен нема никакви резултати. Јас би ве замолил да се потрудите да се исполни ветувањето на градоначалникот затоа што во спротивно ќе побарам прием кај него за да го известам колку се ажурни неговите служби и како ја почитуваат хиерархијата.. Чекам ваш одговор и конкретни резултати... Однапред ви благодарам.. Мр. Роберт Миленкоски.

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: Нови линии за јавно осветлување

 
Одговор

25.09.2015 во 14:14:43

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат (и по телефон) дека светилките ќе бидат заменети и во овој дел од општината. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by