04 Мај 2024 - 09:21:05

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

25.09.2015 во 13:22:16

Во нашата зграда В.С.Бато 27/3 секојдневно се случува печење на пиперки и подготвување на зимници (па и ручеци) во дворовите на приземје, така да во сите станови се чувствува неподнослива миризба и дим. Мислам дека постоеше правило за овие работи да се вршат на растојание не помало од 30м. од објектите од причини да нема миризби и димови во сите станови, но не сум сигурен за растојанието. Молам за одговор и молам да се праќаат почесто патроли од секторот за заштита на животната средина барем во овој период на подготвување на зимници - а верувајте ова се случува преку цела година. Срдечен поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

25.09.2015 во 14:13:37

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by