04 Мај 2024 - 16:00:18

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

26.09.2015 во 23:48:48

Почитувани, станува збор за кафаната рулет клуб која веќе десет години им смета на сите станари кои живеат во нејзина близина и сите во населбава знаат и гледаат што се случува освен вие. кафаната рулет се наоѓа на 500 метра од вашите удобни канцеларии и никој ама баш никој од нашата ни убава општина не видел дека: скоро секоја вечер го прекршуваат работното време, некогаш до 2 часот по полноќ и покасно, не гледаат дека откако ќе ја изгасат музиката остануваат гости на тарасата и галамат цела ноќ, не слушаат кога кафаната пушта гласна жива музика со отворени врати и цела населба ечи. Сега е 00 00 часот а надвор е хаос, погласно е отколку преку ден. Еве некои паметни чичковци во владата што донеле некој закон пред многу години, а ние како граѓани треба да го почитуваме. " Според Законот за заштита од бучава, дозволената граница до 23 часот за бучава е 55 децибели, а потоа е 45 децибели. Мерењата ги прави фирма избрана на тендер заедно со општинските инспектори." Еве ви и линк од законот донесен од Владата на Р. Македонија од 29.12.2008 година во врска со нарушување на јавниот ред и мир: http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/09/Odluka%20za%20utvrduvanje%20pod%20koi%20slucai%20se%20smeta%20deka%20e%20narusen%20mirot%20na%20gragjanite%20od%20stetna%20bucava.pdf Поздрав, не мора да одговарате воопшто, знаеме што ќе биде одговорот, чисто да ве потсетиме дека тука се уште живеат луѓе.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

28.09.2015 во 11:16:02

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by