29 Април 2024 - 00:32:35

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

03.10.2015 во 13:40:59

На улицата Февруарски Поход има неопходна потреба за нови паркинг места. Имено, пред мојата зграда (бр. 6) имате направено паркинг, меѓутоа тој не е доволен да ги опслужи и околните згради кои воопшто и немаат паркинг. Синоќа, имаше пајаци кои што кренаа неколку возила кои беа паркирани на сервисната улица (што сосема е оправдано), но ги разбирам и луѓето кои се паркирале затоа што направен е огромен парк а не е направено ниту едно паркинг место. Навистина нема никаква логика на нашата страна од Февруарски Поход од еден до друг паркинг да има 500 метри, а помеѓу нив да има 7-8 згради од кои повеќето се со по 9 ката. Ве молам за одговор, Поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

07.10.2015 во 13:06:32

Почитувани, од Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина Ве информираат дека согласно урбанистичкиот план за овој потег, оваа зграда има одобрение за градење со соодветен број на паркиралишта. Надвор од ДУП не е дозволена никаква градба. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by