29 Април 2024 - 03:38:29

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

07.10.2015 во 12:01:01

Почитувани, Барам од вашиот инспектор за домување под итно да излезе на увид и да направи записник на адреса бул. Јане Сандански бр.54-2/3, заради нанесување сериозни материјални штети и предизвикување потенцијална опасност од пожар од соседите на адреса бул. Јане Сандански бр.54-2/7. Имено, со години наназад, и покрај постојаните предупредувања од моја страна, соседите од наведената адреса не го санираат својот проблем со инсталацијата на вода. Од тие причини постојано го поплавуваат и руинираат мојот стан. Вчера (ден 08.10.2015 година) по отсуство од само четири часа, кога се вратив, целиот стан пливаше во вода. Водата, меѓудругото, течеше од кутијата со осигурачите за електрична енергија, по штекери... со што е создадена директна опасност и од пожар. Ова се случува континуирано со години наназад. Бидејќи целосно ми беше демолиран станот од нивното поплавување, пред две години инвестирав 20.000 ЕУР за целосно реновирање на станот. Со соседите е разговарано милион пати, дури еднаш е повикана и полиција, но не сакаат трајно да го решат проблемот. Затоа, го молам вашиот инспектор да излезе на увид, да направи записник врз основа на кој ќе ми се покрие направената штета и ќе се поведе соодветна постапка за заштита од потенцијална опасност на предизвикување пожар и други штети од поплавување. Однапред благодарам, Славица Глигориевска

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

07.10.2015 во 12:49:51

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека зградата е во сопственост на сите станари на Заедницата на сопственици и затоа проблемот ќе морате да го решите на тоа ниво. Но, бидејки не сте во можност да го сторите тоа, очекувајте повик од нашиот инспектор за домување или контактирајте го на 2401-521. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by