28 Април 2024 - 22:55:33

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

14.10.2015 во 21:52:45

Почитувани господа, жителите на населбата Мичурин долги години наназад имааат проблем со нарушување на јавниот ред и мир од кафаната рулет клуб. Од чадот и смрдеата што се создава од оџаците, галамата од огромниот аспиратор поставен на кровот, како и гужвата што се создава на летната тараса од гостите кои некогаш не ја напуштаат до 2 часот по полноќ ни зиме ни лете не можеме да отвориме ни врата ни прозор. Во последно време се почесто пуштаат гласна музика со отворена врата од што целата населба ечи, а преку ден и на терасата е гласна музиката со што ги надминуваат дозволените гранични вредности за нивото на бучавата во животната средина.(закон донесен од владата на Р.Македонија од 01.01.2009 год) Ве молам најљубезно да ми одговорите што треба да направиме за конечно вашите инспектори еднаш засекогаш да го решат нашиот проблем? Знам многу луѓе што се имаат обратено до вас но вие како да немате решение или пак не сакате да го решите проблемов. Бараме само мир и спокој во нашите домови и мирен сон за нашите деца, толку ли е тешко тоа да го направите и да ги заштитите вашите граѓани? Со почит, незадовлни граѓани на Мичурин

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

19.10.2015 во 16:20:18

Почитувани, Вашето барање повторно доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Доколку не добиете соодветен одговор, можете да дојдете во просториите на Општина Аеродром, и тоа секој понеделник и вторник од 15 и 30 до 16 и 30 часот, како и секој четврток и петок од 08 и 30 до 09 и 30 часот, како би можеле да добиете соодветна информација. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by