28 Април 2024 - 22:24:36

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

15.10.2015 во 16:37:54

Почитувани Во тек е изградба на нови станбени згради зад тобако 2, веднаш спроти зградата со адреса Ј.Сандански бр.12. За потребите на механизацијата и градежните материјали, инвеститорот своеволно има заградено и узурпирано голем дел од паркингот зад овие згради, со што е оневозмозено паркирање на возила на околните станари. Исто така кај веќе завршените новоградби направен е влез за сопствениот паркинг од веќе постоечкиот, со што се намалува местото за паркирање (иако новоградбите имаат и влезови од улица, па узурпирањето на постоечките паркинзи не е неопходно). Ги замолуваме надлежните служби да реагираат на горенаведените забелешки во најкраток рок, бидејќи ни е значително намален и така веќе тесниот паркинг простор.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

19.10.2015 во 16:30:52

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by