15.10.2015 во 20:49:57
Здраво Општина Аеродром, две работи. Првата, превземете нешто да се обележи Владимир Комаров алудирам на пешачките премини пошто се скроз избелени и преставуваат голема опасност посебно за дечињата што учат во Браќа Миладиновци. Немојте само да ми одговорите да се обратиме во град скопје пошто не е ваша надлежност пошто срамота е, ако треба ВИЕ ОБРАТЕТЕ СЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ ПОШТО ТОА СЕ СЛУЧУВА ВО ВАШАТА ОПШТИНА. Второ, граќанскиот сервис нигде го нема на новиот пејџ од општина аеродром па превземете нешто во поглед на тоа освен ако не ви е целта намерно да го нема за да нема јавни и транспарентни укажувања на проблеми. Поздрав и се надевам брзо ќе дејствувате!
Статус: Одговорено
Тип на барање: останато