28 Април 2024 - 21:16:31

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.10.2015 во 08:25:17

Почитувани, ПЗУ Поликлиника Медика Плус, својата дејност ја обавува на териториајта на општина Аеродром. (ул.Бојмија бр.1 Мезанин 15 Нашиот проблем се состои во тоа што немаме обезбедено паркинг место за нашите службени возило така што имаме потешкотии во извршувањето на нашите секојдневни обврски кои произлегуваат од дејноста. Според тоа нашето прашање би се однесувало на следното: Дали општина Аеродром е надлежна за издавање на одобрување за користење на паркинг места (паркинг места кои треба да бидат обележани и резервирани за службените возила на установата) Доколку општина Аеродром ја има надлежноста за издавање на вакво одобрение која е процедурата и кои се потребни документи за поднесување и во која служба на општината се води ваквата постапка. Доколку општина Аеродром не е надлежна Ве замолуваме да ни дадете насоки и упатства за натамошно наше постапување кон решавање на нашиот проблем

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

22.10.2015 во 14:16:04

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека Општина Аеродром не е належна за обезбедување на вакви паркинг места. Најдобро е да се обратите до ЈП Градски паркинг, институција надлежна за паркирањето во Град Скопје. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by