29 Април 2024 - 00:44:19

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.10.2015 во 09:26:37

Почитувани пред две години по препорака на мои пријатели се доселив од Тетово во општина Аеродром во новите згради на АДОРА на Февруарски поход бр.8 со надеж дека ќе го надминам долгогодишниот проблем во Тетово со аерозагадувањето и проблемите кое тоа ги предизвикуваше по нашето здравје.Но што се случи,бегајќи од тоа од што најмногу се плашиш налетуваш на уште поголем проблем.Минатата зима во вечерните часови доаѓаше густ облак на чад и тоа само од бул.Србија па накај Н.Лисиче до нашите згради.Ајде ме информираа пријатели дека веројатно се пали некое ѓубриште покрај Вардар ,но тоа потрае целата зима.Се надевав дека општината ќе реагира и нема да се шири чад и оваа година.Но впрочем последниве два дена ме фати паника кога видив како повторно се шири чад и тоа не може да се отвори прозор нити да се диши нормално.Ве молам најискрено да ми одговорите од каде е тој чад и зошто баш само во нашиот дел(од бул.Србија накај Лисиче),дали ова ќе се случува секоја есен и зима и ако веќе сте биле запознаени со овој проблем што општината прави да се надмине овој проблем.Ви благодарам најискрено на искрениот одговор.Поздрав Дончо.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

27.10.2015 во 14:19:53

Почитувани, Загадувањето на воздухот на територијата на Општина Аеродром не доаѓа од територијата на општината туку од соседната општина, односно од Гази Баба. Поради тоа, општинските инспекциски служби се во постојан контакт со надлежните служби од Град Скопје и од Гази Баба и преземаат соодветни мерки согласно нивните законски можности. Заедничките инспекциски тимови во соработка со полицијата неодамна запленија околу 70 гуми на Вардариште, а акцијата продолужа и понатаму. Исто така, службите од Општина Аеродром за оваа појава го известија Министерството за животна средина и просторно планирање. Со почит, Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by