28 Април 2024 - 23:28:12

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

30.10.2015 во 23:52:47

Почитувани, кажете ми до КОГА ама стварно ајде на маил одговорете ми искрено, ќе треба да ја трпиме кафава Рулет клуб? До КОГА ќе мора и ние и децата да чекаме да затвори за да можеме да спиеме на раат. До КОГА ВИЕ ќе им прогледувате низ прсти за гласната музика која секој четврток, петок и сабота глава ни ја пука? Ако нема гласна музика летен период од терасата се слушаат нертикулисани звуци до доцна во ноќта , ако е затворена терасата гласната музика ечи, крај нема. Не знам дали воопшто имате пратено некој да ја контролира работа или пак тој што сте го пратиле поминал со затворени очи и уши или воопшто не поминал. Секој здрав и нормален човек што поминал по Петар Ацев видел што се случува после 22 часот во кафаната и пред кафаната само вие како општина не. Срамот е за вас да знаете, народот гледа како една општина институција не може, односно не сака да се справи со ситуацијата од која страдаат голем број нејзини жители. Во времето кога треба да се одмара тогаш се рока музика, најчесто околу 23 часот па се до пред 01 по полноќ. Јас не знам кој им дал дозвола за работа на таква локација, на 2-3 метра одалеченост од најблиската зграда, ама на вас останува тоа да го преконторилрате и со вашите инспекциски служби да ставите крај веќе еднаш за секогаш. Кога копирате закони од европските земји ископирајте нешто корисно на пример каде, во кои услови и на која оддалеченост од станбена зграда може да се отвара кафана, а не на секој ќош никнуваат биртии од кои обичниот нарот нема мир ни дење ни ноќе. Ве молиме, фатете си ја работа озбилно и решете ни го проблемот еднаш за секогаш, најдете решение перманентно и ставете крај на проблемот.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

05.11.2015 во 11:33:05

Почитувани, Ве замолуваме за поконкретен одговор да се обратите до инспектор Елена Ѓошевска Стојановска, на 2401-521 Општина Аеродром * Вашиот допис и е доставен преку електронска пошта

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by