02 Мај 2024 - 10:30:02

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

06.11.2015 во 20:22:02

Во име на на граѓаните од зградата на улица Фебруарски Поход број 18, барам надлежните служби да реагираат на купиштата отпад што постојано се трупаат покрај зградата од страна на вработените во продавницата на стокомак. Паркингот под зградата е незаконски пренаменет во привремена (трајна)депонија за отпад, амбалажа, гајби, палети. Ова ѓубре станарите се приморани секојдневно да го заобиколуваат при влегување и излегување од зградата, представува постојана пожарна опасност, а ветер, кучиња и мачки го разнесуваат насекаде околу зградата. Претставникот од стокомак на состанок ни даде до знаење дека нема да да преземе ништо бидејќи "не му одговара". Иако претходно мои соседи ви се имаат обратено за истиот проблем, јас би сакал барем да ми одговорите дека несакате/неможете/нестенадлежни/нистеодавде, па решението да го бараме по друг пат Срдечен поздрав

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

10.11.2015 во 10:12:43

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие во текот на вчерашниот ден излегоа на терен и направија увид на самото место, но и ги превземаа сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by