07.11.2015 во 10:55:08
Почитувани Во Ново Лисиче, новиот комплекс на згради на Бул.АСНОМ и Февруарски поход, не се обележани местата за контејнери т.е нема соодветни џебови за контејнери. Бидејќи се многу згради, луѓето почнаа сами, по свое размислување да ги преместуваат од едно на друго место раководени единствено од желбата да се подалеку од нивната зграда. Веќе настанува неред, а контејнерите се поставуваат на многу несоодветни места. Исто така и од куќите што граничат со зградите, фрлаат многу несоодветен отпад во контејнерите, како трева и гранки од дворовите, градежен отпад и сл, па местото кај контејнерите понекогаш станува многу неуредно. Секоја чест на Комунална хигиена за професионалноста и редовноста во подигањето на контејнерите, но проблемот со локацијата на контејнерите треба да се реши. Ви благодарам
Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад