05 Мај 2024 - 19:32:43

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

16.11.2015 во 16:50:16

Почитувани, Ви се обраќам во името на група незадоволни граѓани околу зонското паркирање. Граѓаните од потегот на бившата грчка слаткарница Стела па се до златна виљушка бараат да се воведе зонско паркирање,бидејки се ствара огромен револт кога има натпревари во салата Јане Сандански. Дали се тоа кошаркарски или ракометни натпревари паркинзите се преполни исто така и тревниците,а исто така се ствара дискриминација од аспект што тие граѓани не се на зонско паркирање и кога би сакале да појдат до бисер или било кој дел во нивна близина мораат да платат без разлика што живета со години во аеродром. Ве молиме да ни излезете во пресрет. Поздрав,

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

17.11.2015 во 13:24:45

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека поставувањето на зонско паркирање на паркиралишта на Општина Аеродром го врши ЈП Градски паркинг. Затоа најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by