03 Мај 2024 - 09:48:39

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

17.11.2015 во 13:37:57

Почитувани, Ве молам да ме упатите кој е надлежен (општината или училиштето) и кај кого може да се обратам во врска со продавницата која работи во училиштето "Љубен Лапе". Ме интересира: 1. Кој е надлежен (општината или училиштето) и кој ја носи одлуката да се издаде тој простор за продавница 2. Со кој закон се дозволува продавница да се отвори во објект на училиште 3. Дали и кој контролира што се продава во таа продавница. Имено, од една страна децата уште од градинска, па потоа во I одд. итн. учат за здрава храна. Владата води кампања за здрава храна со реклами на ТВ, билборди и сл., а во сред училиште се дозволува да постои продавница која продава се само храна не, а уште помалку здрава! Во неа може да купите лижавчиња, мастики, гумени бонбони, чипсови, смоки и сл. грицкалици со сомнителен произведувачи и квалитет, што по никоја основа не е неопходна храна која треба на учениците да им се најде при рака. Ве молам за брз одговор! Благодарам, Рената

Статус: Одговорено
Тип на барање: образование

 
Одговор

18.11.2015 во 11:47:37

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за образование, спорт и култура. Од таму Ве известуваат дека е потребно да се обратите до раководниот орган на училиштето (директорот), бидејќи тој носи одлуки од ваков тип. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by