30 Април 2024 - 07:26:37

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.11.2015 во 15:13:13

Почитувани , истава порака ја пратив и до ЈП Градски Паркинг пред повеќе од еден месец и се уште нема одговор. Незнам кој е надлежен за зонско паркирање во општина Аеродром затоа ја испраќам и до вас. Имено станува збор за улицата Симеон Кавракиров која се наоѓа во населбата Мичурин, непосредно до новата железничка станица. Проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Мичурин меѓу кои сум и јас се многу бројни, ќе се обидам да ви ги набројам повеќето. 1. Улицата Симеон Кавракиров се протега паралелно со булеварот Јане Сандански, наутро сите ја избегнуваат гужвата по булеварот и се движат по Симеон Кавракиров со што се создава хаос во сообраќајот, не можеме да излеземе од гаражите ниту пак да поминеме улица со децата за во училиште. 2. Поради близината на автобуската и железничката станица голем број луѓе кои ги користат овие услуги ги паркираат своите возила на Симеон Кавракиров и потоа се качуваат во автобус или воз за да заминат во родниот град на неколку дена. 3. Во реонот на Симеон Кавракиров има голем број помали приватни фирми во кои се вработени голем број луѓе кои ги паркираат своите возила на самата улица со што се случува некогаш ние станарите кои живееме тука со децении и по половина час и повеќе да не можеме да најдеме место за паркирање. Дополнителен проблем создаваат гостите кои престојуваат во локалните густителски објекти, кои своите возила со саати ги паркираат на нашите места на Симеон Кавракиров. 4. Голем број од локалните згради, меѓу кои и мојата, немаат сопствен паркинг, па мора едната страна од улицата Симеон Кавракиров да ја користат како паркинг. Неколку пати се има случено од пајак службата по нечија пријава да бидат подигнати голем број возила за неправилно паркирање на коловозот и тротоарот. Поради сите овие проблеми со кои се соочуваме најљубезно ве молиме улицата Симеон Кавракиров да биде пренасочена од двонасочна во еднонасочна, со насока на движење на возилата кон населбата Аеродорм и да биде поставено зонско паркирање од типот на останатите паркинзи низ Општината со што би се олеснил секојдневниот живот и работата на жителите на оваа улица. Жителите на оваа улица би имале потврди за слободно паркирање, додека останатите кои сакаат да ги користат паркинг услугите(гости во кафаните, патници кои користат автобуски или железнички услуги и др.) би си платиле за паркирање. Однапред Ви благодариме, со почит.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.11.2015 во 10:13:49

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека на последниот состанок помеѓу вработените од Општина Аеродром и од Град Скопје е договорено да во најскоро време се изврши корекција на вертикалната сигнализација, додека за хоризонталната, (дополнителна) според новите закони, потребно е да се изработи сообраќаен проект, кој пак општината го планира за 2016 година. Исто така мораме повторно да Ве информираме дека за зонското паркирање на паркиралишта на Општина Аеродром е задолжено ЈП Градски паркинг,па затоа повторно најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив. И на самиот крај, доколку сакате улицата Симеон Кавракиров да биде еднонасочна, ќе морате до одделението за комунални работи да доставите писмо со иницијатива (барање потпишано од група граѓани), како би можеле да ја започнеме постапката за реализација на овој проект. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by