30 Април 2024 - 07:01:23

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.11.2015 во 15:37:37

Почитувани, родител сум на дете кои учи во училиштето Блаже Конески. Ви се обраќам во име на голем број родители чии деца учат во истото училиште, кои ги мачи истиов проблем и сакаат да го постават истово прашање. Имено пред главниот влез на училиштето поминува улицата Вењамин Мачуковски (на истата онаа улица на која се наоѓаа просториите на општината Аеродром). На оваа улица пред неколку години имаше поставено легнати полицајци кои после реновирањето на истата беа отстранети. Пред влезот на училиштето постои само еден пешачки премин пред кој на самиот асфалт е испишано ШКОЛО, што е во ред но самиот пешачки и натписот се толку избледени што возачите на автомобилите едвај го приметуваат. Друга работа што многу не иритира нас родителите е, зошто по целата должина на улицата Вењамин Мачуковски нема ниту еден сообраќаен знак за ограничување на брзината на 20 или 30 км/ч, зошто никаде нема сообраќаен знак ДЕЦА НА ПАТОТ и зошто нема сообраќањен знак дека има УЧИЛИШТЕ ? Зошто легнатите полицајци кои беа отстранети после реновирањето на улицата не се постават повторно? Да ве потсетам дека пред градинките и училиштата во општината има легнати полицајци, на пример ОУ Браќа Миладиновци кое се наоѓа од другата страна на булеварот Јане Сандански. Наутро кога ги носиме децата на училиште гледаме како возат по оваа улица, сите брзаат за на работа и не ги приметуваат децата и избледениот пешачки оремин. Лично сум бил сведок на моменти кога несовесен возач за влакно не прегазил дете. Чекате некое дете да биде прегазено за да интервенирате? Ве молиме во најкус можен период, на улицата Вењамин Мачуковски да се обележи пешачкиот премин пред главниот влез на ОУ БлаЖе Конески, пред и после пешачкиот премин да се постават легнати полицајци, да се постави сообраќаен знак за ограничување на брзината на 20 или 30 км/ч, сообраќаен знак ДЕЦА НА ПАТОТ и сообраќањен знак УЧИЛИШТЕ на прописна висина за да им паѓа во очи на возачите на автомобилите. Сето ова ви го пишувам за да се зголеми безбедноста на дечињата кои често ја преминуваат улицата и да се избегнат немили настани. За нашите деца се работи, со почит

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

23.11.2015 во 10:04:19

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека на последниот состанок помеѓу вработените од Општина Аеродром и од Град Скопје е договорено да во најскоро време се изврши корекција на вертикалната сигнализација, додека за хоризонталната, според новите закони, потребно е да се изработи сообраќаен проект, кој пак општината го планира за 2016 година. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by