27 Април 2024 - 09:03:00

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

24.11.2015 во 13:26:41

Почитувани. Како станари од зграда на ул.Фрањо Клуз 11Б ( спроти бензиска Макпетрол во Мичурин ), ве молиме да превземете соодветни мерки прописно да се уреди градилиштето непосредно до нашата зграда. Уште од самиот почеток на рушење на старите бараки и почнување со градба, градилиштето не беше уредено согласно законските прописи т.е. не беше оградено, расфрлано шут насекаде во околината, отворени струјни кабли и водоводни инсталации. Поради необезбеденото градилиште до кој непречено имаа пристап деца од околината, навистина е само среќна околност што досега не е дојдена до посериозна повреда и штета на околното население. Пред неколку дена е започнато со земјани ископи каде во градилиштето без претходно соодветно сообраќајно решение влегува тешка механизација. Механизацијата ( огромни камиони, багери и др.) влегуваат во градилиштето преку тратоар за пешаци, па дирекно низ изграден и обележан паркинг за автомобили на зградата и секој момент постои опасност од матријална штета за самите паркирани автомобили како и опасност од несреќни случаи за самото население. Затоа бараме Вашите инспекциски служби под ХИТНО да преземат соодветни мерки да небезбедното градилиште соодветно се уреди и да се направи соодветно безбедно сообраќајно решение за тешката механизација. Однапред благодариме Група граѓани -станари.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

26.11.2015 во 15:25:54

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by