02 Мај 2024 - 18:02:45

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

26.11.2015 во 16:03:57

Би сакала да ви алармирам за нивото на загаденост на воздухот во оваа општина. Ние сите сме жители на истата и условите во кои живееме се далеку од нормални. Што вие како општина која ги застапува потребите на народот планирате да превземете околу тоа? Дали некој е засегнат за нивото на ПМ 10 честички во воздухот кои ги дишат нашите а и вашите деца? Прскањето кое го спроведувате по улиците е недоволно.Се бориме со вас и со вашето игнорорање секојдневно.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

27.11.2015 во 13:22:06

Почитувани, Општина Аеродром ги презеде сите мерки за заштита од загадувањето што е во нејзина надлежност. На сите запуштени локации од каде се загадуваше општината преку палење гуми и пластика Општината изгради зелени паркови и таква појава веќе нема на нејзината територија. Местото покрај кејот на реката Вардар во Ново Лисиче, спроти поранешната депонија Вардариште, од каде што доаѓаше најголемиот дел од загадувањето е исчистено од шут и претворено во зелени површини. Над 40 проценти од загадувањето на воздухот доаѓа од оние места на кои луѓето се греат на дрва, а другиот дел е од автомобилите и од околните фабрики, кои се наоѓаат надвор од територијата на Општина Аеродром. Поголемиот број граѓани што ги затоплуваат своите домови на дрва се од руралните подрачја кои сочинуваат 40 проценти од територијата на Општината, која нема ингеренции да го забрани овој начин на затоплување во зимскиот период. Она за што има ингеренции во делот на депониите е преземена соодветна активност и на територијата на Општина Аеродром веќе нема ниту една депонија. Исто така, на територијата на Општина Аеродром нема ниту фабрики, кои го загадуваат воздухот преку чад или на кој било друг начин. Општинските инспекциски служби се во постојан контакт со надлежните служби од Град Скопје и од Гази Баба и преземаат соодветни мерки согласно нивните законски можности. Заедничките инспекциски тимови во соработка со полицијата неодамна запленија околу 70 гуми на Вардариште, а акцијата продолжува и понатаму. Исто така, службите од Општина Аеродром за оваа појава го известија Министерството за животна средина и просторно планирање. Со почит, Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by