06 Мај 2024 - 02:47:06

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

27.11.2015 во 14:33:19

Почитувани, ве молам за инфо во врска со анкетниот лист кој деновиве се дели по училиштата и градинките а во кој има прашања поврзани со работата на Општината. Кој пропис или закон го дозволува тоа? Дали мислите дека е добро/законски деца да се инволвираат во политика? Доколку сакате да ги прашате родителите прашајте ги директно имате контакт и адреса и телефон и email. Срамота!

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

30.11.2015 во 10:36:47

Почитувани, Прашањата од анкетниот лист се однесуваат исклучиво на работата на локалната самоуправа и нејзините проекти. Секоја институција, особено локалната самоуправа, има право да го слушне мислењето на граѓаните и секоја општина има обврска да се грижи за тоа што мислат нејзините жители за она што таа го прави. Ова се прави со најдобра намера за да се испита мислењето на граѓаните, дали проектите што ги спроведува Општината се движат во правилна насока. Општина Аеродром и во изминатиот период правеше испитување на јавното мислење преку професионални агенции, но за да заштеди во општинскиот буџет, овој пат реши сама да ја направи анкетата со истите прашања од претходните прашалници со цел да заштеди финансиски средства. Оценето е дека најдобар начин е тоа да се направи преку училиштата, бидејќи поголемиот дел од проектите се од областа на образованието. Учениците не се инволвирани во оваа анкета, туку тие се само замолени да го предадат прашалникот на родителите, кои се очекува да дадат реално мислење и тоа исклучиво за работата на Општината. Прашалникот е анонимен, така што не се знае кој родител како одговорил. Прашањата се главно за проекти на Општината - дали на родителите им се допаѓа изградбата на спортските центри, што мислат за изградба на нови паркови, каков е нивниот став за новите градинки, што мислат за интонирање на химната во основните училишта.... Со почит, Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by