27 Април 2024 - 09:13:37

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

07.12.2015 во 16:00:17

Со оглед на тоа што загадувањето во општинава е алармантно, особено во Ново Лисиче и Реонски Центар, мислам дека е време да преземете некои порадикални мерки за да се реши овој проблем. Гледам дека сте расчистиле некои диви депонии и браво за тоа, но треба да почнете да ги решавате илјадниците домови кои се топлат на најнееколошкиот и најнеефикасен начин - горење. Нема потреба да правите студии за тоа кој предизвикува 90% од загадувањето, бидејќи се осеќа по мирисот. За возилата е добро да се воведуваат повисоки еуро стандарди и да се стимулира јавен превоз, но сообраќајот е миноред дел од проблемот. Предложете вие како општина до Град Скопје, Владата итн, план за преминување на домовите кон поеколошки начини на затоплување, бидејќи нашата општина е најзасегната од цело Скопје. Планот треба да вклучува субвенционирање за домовите, изградба на гасоводна и парно мрежа, ригорозни казни за палење на материјали што не се предвидени за огрев и дефинирање РОК на пример од 5 години, после кој нема да смее да се користи согорувањето како начин на затоплување во цела скопска котлина. За ова ќе бидат потребни големи средства кои брзо ќе се вратат и од финансиски и од здравствен аспект. Сите останати мерки што ги правите иако добронамерни, се минорни за да се реши проблемот.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

09.12.2015 во 12:57:08

Почитувани, Општина Аеродром ги презеде сите мерки за заштита од загадувањето што е во нејзина надлежност. На сите запуштени локации од каде се загадуваше општината преку палење гуми и пластика Општината изгради зелени паркови и таква појава веќе нема на нејзината територија. Местото покрај кејот на реката Вардар во Ново Лисиче, спроти поранешната депонија Вардариште, од каде што доаѓаше најголемиот дел од загадувањето е исчистено од шут и претворено во зелени површини. Над 40 проценти од загадувањето на воздухот доаѓа од оние места на кои луѓето се греат на дрва, а другиот дел е од автомобилите и од околните фабрики, кои се наоѓаат надвор од територијата на Општина Аеродром. Поголемиот број граѓани што ги затоплуваат своите домови на дрва се од руралните подрачја кои сочинуваат 40 проценти од територијата на Општината, која нема ингеренции да го забрани овој начин на затоплување во зимскиот период. Она за што има ингеренции во делот на депониите е преземена соодветна активност и на територијата на Општина Аеродром веќе нема ниту една депонија. Исто така, на територијата на Општина Аеродром нема ниту фабрики, кои го загадуваат воздухот преку чад или на кој било друг начин. Општинските инспекциски служби се во постојан контакт со надлежните служби од Град Скопје и од Гази Баба и преземаат соодветни мерки согласно нивните законски можности. Заедничките инспекциски тимови во соработка со полицијата неодамна запленија околу 70 гуми на Вардариште, а акцијата продолжува и понатаму. Исто така, службите од Општина Аеродром за оваа појава го известија Министерството за животна средина и просторно планирање. Со почит, Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by