27 Април 2024 - 13:58:24

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

10.12.2015 во 00:40:00

Почитувани, Ве молам за информација кој е надлежен/кому да се обратам за следниве два проблеми: 1) Соседите над мене имаат монтирано појјака клима на ограда од ковано железо (терасата е над мојата спална), и најчесто истата ја оставаат да работи до доцна. Имам и аудио снимки. Покрај гласната бучава, голем проблем се вибрациите. Со години ги молам љубезно да ја гасат по полноќ, но по некое време пак исто, како и вечерва. Сум го спомнувала проблемот и на состаноци на Заедница на сооственици, но што може Заедницата да направи? Сега е 00:38 и им пратив порака пред некое време со молба да исклучат или намалат, но ништо. 2) Има и сосед кој исто така со години работи дома, веројатно со мебел. Претпоставувам е вработен, зашто брмчи, чука, тропа за викенд, за празник, касно навечер, рано наутро. Не можам да откријам кој е. И за ова имам аудио снимки. И ова го имам споделено со соседите и тие го слушаат истото, зависно од местоположбата на нивните станови. Се работи за зграда во Мичурин. Поздрав и благодарам

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

10.12.2015 во 11:01:13

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека зградата е во сопственост на сите станари на Заедницата на сопственици и затоа проблемот ќе морате да го решите на тоа ниво. Доколку тоа не можете да го сторите и имате дополнителни прашања можете да се обратите до нашиот инспектор за домување и да го контактирате на 2401-521. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by