27 Април 2024 - 09:11:07

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

21.12.2015 во 21:57:50

Дали за промена на Азбестните плочи на кровната конструкција на зградите следува некое учество или помош од страна на Општина Аеродром или некоја друга организација? Без разлика на тоа, дали е потребно некое одобрение за промена на истите, поради нивната штетност? И доколку можете да ме посоветувате дали целиот влез мора да го сноси трошокот за замена на кровот? Дали може да го заменам само мојот дел од кровот над мојот стан и дали за тоа ми е потребна согласност од целиот влез, од вертикалата или од никого? Благодарам

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

22.12.2015 во 11:36:07

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека кровот на зградата е во сопственост на сите станари на Заедницата на сопственици и затоа проблемот ќе морате да го решите на тоа ниво. Доколку имате дополнителни прашања можете да се обратите до нашиот инспектор за домување и да го контактирате на 2401-521. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by