27 Април 2024 - 14:17:29

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

25.12.2015 во 11:15:29

Од летната тераса на објектот ,,Тамбура;; во склоп на ТЦ 13 Ноември секоја сабота а во последно време и работни денови како вчерашниот од 17.00па д 24,00 имаме ,,забава со жива музика.Не е ниту човечки ниту хумано а се надевам ни законски на летна тераса заградена со најлони да се прават забави со жива музика.Ако газдата земал објект па нека прави во објектот што сака,ама во најлонски објект надвор од основниот негов објект лично ми е цигански панагур за што и не замерувам на никој ,ама да си игра со мирот на стотина фамилии не е во ред.Молам за една инспекциска контрола и на другите објекти во подрумот каде уште еден објект работи повеке од две години после 24,00 па до сабајле користејки ги одземањето на ингеренциите на полицијата да казнува .Не е ред во најурбаната населба да се случуваат вакви работи и сите вие да префрлате топка од општинска на пазарна на ујп инспекција затоа сто не сме една и две фамилии на кои сметаат локалите кои не почитуваат закони.Некој треба наспан да оди на работа бре лугеее,а не два-тројца за личен профит да малтретираат 100 фамилии

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

25.12.2015 во 13:03:35

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by