08 Мај 2024 - 01:48:58

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

14.01.2016 во 13:58:21

Почитувани, Со оваа порака сакам да го пријавам незаконско складирање на градежен отпад од страна на мојот сосед. Складирањето на отпадот започна некаде пред 2 недели. По неуспешниот обид да се разбереме со соседот Ви се обраќам Вам како надлежна инстиуција да реагирате и да ги превземети сите мерки согласно законите во РМ. Дворот на соседот не е градилиште на кое е дозволено да се чува таков отпад, ниту пак тој како физичко/правно лице не е регистриран за складирање на градежен отпад. Складирањето се врши скоро секое утро без разлика дали е работен ден или викенд и тоа во раните утрински часови. Проблемот е исто така што отпадот се складира на само неколку метри од објектот во кој јас живеам со моето семејство. Во прилог Ви праќам слики како изгледа тоа. Покрај тоа ви праќам и делови од законите кои според моето лично мислење се прекршени. За делот дека објектот кој се изнајмува за складирање е дивоградба не би коментирал како и за тоа дали за просторот кој се изнајмува на друго правно лице постои склучен договор и се плаќа данок за тоа. Адресата на соседот е:12-та Македонска Бригада број 27 Од Вас очекувам реакција на терен или пак одговор на мојата пријава во разумен рок од неколку дена. Она што можам да потврдам е дека и останатите соседи се сложни да потпишат петиција доколку тоа е потребно. Со почит, Виктор Крстевски

Статус: Одговорено
Тип на барање: Хигиената во населените места: градежен шут и отпад

 
Одговор

21.01.2016 во 13:59:31

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Од таму Ве известуваат дека потребно е да дојдете во просториите на Општина Аеродром, и тоа секој понеделник од 15 и 30 до 16 и 30 часот, како и секој четврток и петок од 08 и 30 до 09 и 30 часот, како би можеле да добиете соодветна информација. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by