07 Мај 2024 - 16:54:35

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

14.01.2016 во 23:19:44

Барање до инспекторските служби да одговорат на следните прашања -Дали најлонските доградби (со кои се изигрува законот за пушење) на локалот РЕД КАФЕ се легални и по кој основ? -Ако не се легални а не знаеме по кој основ би биле, тогаш одговорете во кој рок ке бидат отстранети? -Кога ке ја спроведите одлуката на РМ за јавен ред и мир Сл.В. бр. 66/2008 ? Нашата зграда за живеење сега повеќе наликува на панаѓуриште во Шутка. Од сите страни на објектот имаме масовен собир на многу гласни луѓе, пушална а сега е монтирано и ќумбе со оџак кој чади во нашите прозорци како и кујнската непрописна вентилација впроцем. Звучниците во најлон просториите исто како да се на улица. Непрописна канализација. (двапати поплава во подрумите). Стаорци по објектот. Сокриена канализациона шахта среде сала за јадење. Таму не бил предвиден објет со таква намена па затоа не ги исполнува ниту минималните технички услови за работа. Се наоѓа во непосредна близина на школо. Ако во најскоро време не превземите мерки тогаш ке бидиме принудени да бараме судска разрешница. Треба да биде затворен за угостителство. Со почит пртседател на заедницата Атанасов

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

21.01.2016 во 14:05:46

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Дополнителен одговор оцекувајте од одделението за инспекциски работи. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by