07 Мај 2024 - 13:22:04

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

30.01.2016 во 00:50:17

Почитувани, сакам да ја пријавам кафаната Рулет Клуб која се наоѓа на улица Симеон Кавракиров на 50М пред новата железничка станица за нарушување на јавниот ред и мир со пуштање гласна музика и тоа деновите четврток, петок и сабота. Во наведените денови во периодот од 23 часот па се до затварањето, наместо да ја намалат музиката пуштаат погласно и 100% сум сигурна дека ја надминуваат границата од 45dB дозволена јачина. Кафаната е пријавувана и претходно и неможам а да не забележам дека откако ќе ја пријавиме наредните недела две се тивки но потоа продолжуваат по старо. Не знам како поинаку да ви објаснам, но басот од музиката во доцните часови продира толку многу што главата ни ја пука до доцна во ноќта. Треба да чекаме да затвори и најбитно да си заминат гостите кои се дерат како нездрави уште саат време после прекинување на музиката за да може да заспиеме. Пуштете ги малце инспекторите нека се размрдаат, се укочија во фотељите, нека прошетаат низ општината и нека го посетат местенцево ама во наведените денови и во наведениот период. Најмете независна компанија (нели такви се правилата)која ќе изврши мерење на степенот на галама која го ствара кафанава ама во деновите кога има жива музика и преземете нешто, нешто со што трајно ќе го решите проблемов со кафанава. Ако не можете, не сакате или поради било која друга причина немате решение кажете пспасот да го бараме по судски пат и да се надеваме дека судовите не се толку корумпирани како некои институции кон кои се обраќаме во моментов и ќе го решат проблемов.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

01.02.2016 во 11:34:31

Почитувани, Вашето барање повторно е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by