08 Мај 2024 - 03:14:55

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

31.01.2016 во 19:11:37

Почитувани, ви пишувам во име на станарите од зграда на ул.Коста Новаковиќ 44. Прво би сакале да ви се заблагодариме за изградбата на рекреативниот парк со фонтани и детско игралиште, со што се оплемени целиот простор позади зградата. Исто така би сакале да го потенцираме и осветлувањето на целиот простор во рамките на овој рекреативен парк. Молба: на предната страна од зградата има постоечко осветлување со неколку канделабри, но има недостиг од две канделабри за да се постигне соодветно осветлување во близина на зградата. Осветлувањето од посебно значење за да се зголеми и безбедноста на станарите, а пред се на помладата популација. Ќе ве замолиме да го разгледате нашето барање за дополнување на осветлувањето со уште две канделабри -светилки. Со почит Крсте Најденкоски ул.Коста Новаковиќ број 44 влез 2 стан 7

Статус: Одговорено
Тип на барање: Поправка на веќе постоечки линии за јавно осветлување

 
Одговор

01.02.2016 во 10:57:18

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за комунални работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by