29 Април 2024 - 11:44:36

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

02.02.2016 во 13:45:07

Почитувани, На улицата позади Скопјанка пред неколку години се поставија контејнери ( сини со железни решетки) за пластична амбалажа. Истите од дивите собирачи беа уништени и подолго време не се во употреба за намената. Во мометов само го узурпираат просторот од улицата, а бидејки се тешки и не се подвижни, неможе целосно да се исчистат од ѓубре и се потенцијален извор на болести. Бидејки на истата улица има контејнери за смет, а во 2015 година се донесоа и плус нови пластични контејнери, Ве молам да направите се што е во Ваша надлежност за да се отстранат овие "сини железа-контејнери", кој го нарушуваат убавиот изглед на општина Аеродром. На предлог на станарите од К.Ј.Питу бр.19/5,си земав обврска дека ке ве информирам за овие контејнери. Затоа Ве молам да ме информирате за Вашата реакција по основ на моето барање за отстранување на овие контејнери, за да можам да ги известам останатите станари. Однапред Ви благодарам на одговорот. Со почит, Игор Стоименовски

Статус: Барањето е проследено до надлежните служби
Тип на барање: останато

 
Одговор

05.02.2016 во 14:11:45

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве замолуваат, за контејнерите да се обратите до ЈП „Комунална хигиена“, бидејќи тие се надлежни за сите контејнери во Градот Скопје, а истото ќе го сторат и тие. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Април 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30      

Sponsored by

Developed by