04 Мај 2024 - 01:19:13

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

04.02.2016 во 11:13:26

Почитувани, Ве молам за санација на прекоп на улица Милан Зечар кај воените кули во Стар Аеродром. Прекопот го направи инвеститор на зграда пред две години, а го пополни неквалитетно и издржа едвај година. Ве молам во иднина Не премижувајте пред градежната мафија бидејќи трошоците ќе ги сносиме ние граѓаните. Поздрав, Бобан ПС: На неколку метри од таму нов Инвеститор и стари проблеми. Ве молам вашите комунални инспектори да го проверат градилиштето на Адора кај паркингот меѓу кулата и поликлиниката Јане Сандански. Расфрлани картони, истекување од пумпа за бетон на бехатон плочки, перење на пумпата на паркингот по завршување на работите, блокирање на сообраќај и сл.

Статус: Одговорено
Тип на барање: Санација на ударни дупки и прекопи на собирни улици

 
Одговор

04.02.2016 во 16:11:16

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето одделение за инспекциски работи. Тие ќе излезат на терен и ќе направат увид на самото место, по што ќе ги преземат сите неопходни заштитни мерки кои се во наша надлежност. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by