03 Мај 2024 - 18:26:18

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

23.02.2016 во 12:15:47

Почитувани, Би сакал да ве прашам кога се планира да извршите хоризонтална сигнализација (вертикална сигнализација веќе е поставена) на ул. Васко Карангелевски бр.19 и улицата која води од Васко Карангелевски бр. 19 кон ул. Коста Новаковиќ (новите улички кај зградите на Настел)? Исто така би сакал да прашам какви мерки превземате за безбедноста на сообраќајот кога на овие наведени улици едната лента за движење на возила е целосно блокиран од паркирани возила. Дел од возилата веќе се паркираат и на тротоарот кој е предвиден за пешаци, а не за возила. Би ве замолил вашите инспекциски служби да излезат на лице место и да го решат проблемот со возилата кои ја блокираат лентата за движење/улицата со што спречуваат слободно движење, а воедно ја намалуваат безбедноста на сообраќајот. Паркираните возила ја спречуваат и прегледноста при вклучувањето/исклучувањето на возилата од ул. Васко карангелевски на улицата Коста Новаковиќ кај Агротехна како и кај помалите раскрсници кај зградите на Настел. Ве молам за итна реакција.

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

24.02.2016 во 15:09:51

Почитувани, вертикалната и хоризонталната сигнализација во Градот Скопје ги врши администрацијата на Град Скопје, Сектор сообраќај, а на овој потег во координација со нашето комунално одделение и истата ќе биде поставена набрзо. Но, за неправилно, непрописно паркирани возила во Градот Скопје , одговорна е сообраќајната полиција во координација со Градски паркинг..Затоа најљубезно Ве замолуваме да се обратите до нив, а истото ќе го сториме и ние. Ви благодариме, што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by