19 Мај 2024 - 16:36:28

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

07.03.2016 во 14:05:14

Почитувани, повеќе пати апелирав до граѓанскиов сервис и лично кај одговорните кои го средуваат зеленилото околу зградата на Владимир Комаров 27, но за жал без резултати. Еве веќе втора сезона по ред никој не ги собира скршените гранки и паднатите лисја ПОЗАДИ зградата на Владимир Комаров 27. Ве молам да ми ја објасните причината, бидејќи тој дел има прекрасна трева, но истата не може ни да порасне како што треба од причина што нема кој да го среди тој неред. Исто се случува и кога доаѓа време за косење трева, повторно тој дел се запоставува. На повеќе места се оформува коров, и треви кои не наликуваат на ништо. да е некој зафрлен дел па и некако да разберам, дека не го гледаат, не знаат и слично, но на овој потег се поминува постојано преку целиот ден и НИКОЈ АМА БАШ НИКОЈ ДА НЕ ПРИМЕТИ, искрено не ми се верува. Се надевам дека ова нема да се повторува и во иднина. Ви благодарам ...

Статус: Одговорено
Тип на барање: Уредување на блоковското зеленило

 
Одговор

08.03.2016 во 10:57:18

Почитувани, Вашето барање е доставено до нашето комунално одделение. Од таму Ве известуваат дека тревата се коси по однапред определен редослед и наскоро ќе биде искосен и овој дел од општината. Ви благодариме што го користевте граѓанскиот сервис центар на Општина Аеродром.

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by