08 Мај 2024 - 02:14:19

Општина Аеродром

Граѓански сервис центар

Преглед на барање

Барање

09.03.2016 во 20:41:58

ПОЧИТУВАНИ ОПШТИНАРИ посебно градоначалнику и совету на општинава ни наша , Со необјавување во Вашиов божемен СЕРВИС на мои меилови и неодговарање на истите НЕМОЈТЕ НИ ДА ПОМИСЛУВАТЕ дека сте попаметни од мене. Никогаш досега не сум навредила некого во истите за да не ги објавите и да не одговорите на истите. Во сите говорам, предлагам, советувам и правам се што би требало да правите Вие наспроти ШТАНЦАЊЕ МАРКИЦИ ЗА ГРАДБИ НА СТАНБЕНИ ИДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ. Престанете, срамота е, греота, нема смисла да го правите тоа. Зарем ниту еднаш не помисливте на Вашите деца ако не на нашите. СТОПИРАЈТЕ ПОД ИТНО СО ГРАДБИ НА СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ затоа што секој има степен на издржливост па така и Ние кутри човечиња од Аеродром ЗАСТАНЕТЕ ПРЕД ДА БИДЕ И ПОВЕКЕ ОД ДОЦНА Верувајте дека по се што правите Ви нема назад, не Ве пере ни ЦРН ДРИМ Престанете да правите небулози додека ЦЕЛ АЕРОДРОМ МОЛЧИ И ТРПИ Бидете ЧОВЕЧНИ и правете човечни работи и УШТЕ ЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ СО ЗГРАДИ ЗГАДЕНО НИ Е НА СИТЕ од нај млад до нај стар Бидете поздравени од нај изджливиот дел од Македонската нација- АЕРОДРОМЦИ

Статус: Одговорено
Тип на барање: останато

 
Одговор

10.03.2016 во 16:25:09

Почитувани, Кога ќе биде закажана јавна анкета, граѓаните ќе бидат навреме известени. Обвинувањата се неосновани. Аеродром е општина со најголеми зелени површини и препознатлива по најголем број паркови и места за рекреација, а во таа насока ќе продолжи и нејзиниот понатамошен развој. Локацијата на која урбанистите предлагаат нови градби се наоѓа во Горно Лисиче покрај Вардар, место кое во моментов најчесто се користи за отпад и претставува лоша слика за Општината, целосно ќе се урбанизира и просторот ќе се облагороди. На тој начин ќе се подигне квалитетот на живеење во овој дел од Општината. Новите згради нема да бидат повисоки од шест ката и тоа најголемиот дел од нив ќе имаат три ката. Со почит, Општина Аеродром

Назад

 

Архива

<< Мај 2024 >>
По Вт Ср Че Пе Са Не
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31   

Sponsored by

Developed by